Поради високите сметки, Австрија на сите им дава по 150 евра, а на најзагрозените 300

1 min read

Aвстриската влада денеска соопшти пакет помош за граѓаните погодени од наглиот раст на цените на енергенсите, придружувајќи им се на голем број европски земји кои се обидуваат да го ублажат ударот врз буџетот на домаќинствата.

Речиси сите домаќинства во Австрија ќе добијат еднократна парична помош од 150 евра, изјави во петокот во австриската престолнина канцеларот Карл Нехамер.

Посебно ранливите ќе добијат 300 евра

Двојно поголема сума ќе добијат приближно 750.000 граѓани кои спаѓаат во категоријата особено ранливи.

Дополнително, државата одлучи да го суспендира паушалот за зелена струја годинава, со што на секое домаќинство ќе му заштеди околу 100 евра, а на просечната комерцијална компанија околу 67.000 евра, соопшти Владата.

Силен раст на цените на енергенсите

Пакетот помош од 1,7 милијарди евра е наменет за „спречување на кризни ситуации“, рече министерот за финансии Магнус Брунер.

Во Австрија, како и во многу други земји, цената на енергенсите драстично порасна во последните месеци.

Во декември трошоците за енергија беа за 24 отсто повисоки во однос на истиот месец претходната година. Нафтата за греење поскапе за 44 отсто, а бензинот за 31 отсто, потсетува агенцијата dpa.

kurir.mk

Претходно

Галуп: Поголем процент Бугари не ја одобруваат политиката на Русија

Следно

ФОТО | Петочен коктел за размрдување сетилa: Ви требаат само три состојки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian