Пендаровски се сретна со претставници на ОМО „Илинден“ и здруженија на граѓани од Република Бугарија

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија.

Претставниците на здруженијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.

Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот. Претседателот Пендаровски смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања. На средбата претседателот Пендаровски информираше дека наскоро ќе оствари официјална посета на Република Бугарија, каде ќе има разговори со претседателот Румен Радев.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година.

kurir.mk

Претходно

МЖСПП издаде насоки за неопходните мерки за безбедно работење на депонијата „Русино“

Следно

Комеморација за маестро Александар Џамбазов – замина човекот кој беше синоним на македонската популарна музика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian