Откри ли повторно Александра Заева, каде е на скијање татко и – Заеви уживаат на француските Алпи?!

2 mins read

Александра Заева, ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, како и останатите членови на семејството Заеви, често објавува фотографии на социјалните мрежи од егзотични и луксузни дестинации.

Овој пат, Александра Заева се пофали дека е на зимување во Франција, во еден од најлуксузните ски-центри, поточно во елитниот „Chamonix- Mont Blanc“.

Ноќевање во хотелите во „Chamonix- Mont Blanc“ се движи од 120 до 1300 евра. Ангажирање водич започнува од 100 евра дневно. Дневната ски карта во овој монденски ски ресорт изнесува 72 евра.

Кога ќе ги земете предвид сместувањето, ски картата и оброците, едно лице за еднонеделно скијање ќе треба да одвои најмалку околу 3000 евра.

Александра Заева изминатите години на неколку пати откри каде бившиот премиер Зоран Заев е на зимски одмор.

Така јавноста откри дека Зоран Заев беше на скијање во Германија каде што ги надминуваше стресовите по заокружувањето на целокупниот процес со уставните измени како најтежок дел од Преспанскиот договор.

Една година пред тоа Заев исто така беше на скијање, но во познатиот италијански туристички центар „Вал Гардена“.

Логично се наметнува прашањето дали и оваа година во друштво на ќерката Александра се наоѓа и татко и, особено ако се земе во предвид дека во политичките кулоари се говори дека друштво во Франција на поранешниот премиер му прави и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Да потсетиме, пред нешто повеќе од еден месец на 22 декември, Зоран Заев поднесе оставка од позицијата претседател на Владата.

Тој раководеше со државата во два мандати, а за прв пат седна во премиерската фотелја во мај 2017-та година.

Од тогаш имаше жесток мандат проследен со промена на името, воведување на двојазичност, пандемија, тешка економска криза и кулминација на неговиот мандат со пожар во тетовската модуларна болница, најголемите шумски пожари во историјата на Македонија и трагедијата со автобусот на БЕСА Транс во Бугарија.

kurir.mk

Претходно

Седница на Антикорупциската комисија

Следно

Виц на денот: Маска

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian