Илиев после разделбата со Арсенал: Повредата ми го украде сонот!

2 mins read

Македонскиот голман Дејан Илиев во девет години не запиша ниту еден сениорски настап за премиерлигашкиот гигант за Арсенал.

Нашиот чувар на мрежата заработи повреда на коленото во 2015 година поради која паузираше дури 25 месеци, токму кога беше на прагот да игра со најдобрите играчи на лондонскиот клуб.

Но, 26-годишниот Илиев не жали, и ја започнува својата потрага по нов клуб.

– Очигледно е тажно, долго бев во Арсенал, така што имам врска со клубот, го сакам местото. Отидов таму кога бев многу млад и запознав многу луѓе. Работев со многу различни тренери и многу големи играчи. Имав можност да работам со мојот идол кога растев, Петр Чех. Сите тие се неверојатни спомени кои ќе останат со мене додека не умрам.

Дефинитивно нема жалење. Го направив вистинскиот избор со доаѓањето во Арсенал и бев многу среќен до последниот ден. Тоа е голем клуб во кој не се подобрував само на теренот, туку како личност. Научив многу различни работи и научив да ценам различни работи во животот – рече Илиев во интервјуто за „Goal.com“.

Илиев првата половина од оваа сезона ја помина на позајмица во СКФ Серед во Словачка. Тоа беше позајмица која започна добро, но по повредата го загуби местото во составот и се бореше да го врати откако се бореше за да се врати во кондиција.

Така, тој се врати во Арсенал во јануари и, по разговорите со луѓето од клубот, неговиот договор кој требаше да истече на лето, беше предвреме раскинат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Овој дел од нашето тело е „скриен“ и забораваме на него кога се капеме: Еве како се чисти

Следно

Шаќири: МОН вложува и во урбани и во рурални средини, сите деца имаат право на квалитетно образование

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian