Грузиецот Маргвелашвили ја засили одбраната на Шкупи

1 min read

Денеска водечкиот во Првата македонска лига, Шкупи го промовираше своето ново зимскозасилување кое дојде од Грузија, Гаги Маргвелашвили (25).

Овој централен дефанзивец доаѓа како замена за Абдул Рватубјаје кој најмалку шест месеци ќе биде надвор од терените.

Грузиецот потпиша договор на две години со клубот од Чаир, претходно ги бранеше боите на Сабуртало и Динамо Батуми.

Со екипата на Динамо Батуми двапати беше национален шампион и еднаш со Сабуртало во сезоната 2017/2018.

За в сабота на подготовките во турската Анталија е закажан четвртиот контролен меч на Шкупи против Факел Воронеж во кој се надеваат од клубот дека победнички ќе дебитира Маргвелашвили.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Древен хороскоп на Инките и Ацтеките: Кои знаци се „зли сили“, а кои „заспани змии“?

Следно

Халили: Новиот пристап во македонско-бугарските односи ќе даде резултати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian