Голем пожар во ридската населба Колтук во Тетово, стариот дел од градот е без струја

1 min read

Пожар изби во куќа во населбата Колтук во Тетово, нешто по 19 часот вечерва, објави порталот Тетово инфо.

Со оглед на тоа дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе, од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија.

Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека сѐ уште се интевенира на гаснење на пожарот, а испратени биле четири возила.

По неколку минути, големата огнена стихија се намали, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ги дозна можните ривали во баражите за пласман на Светското првенство 2023

Следно

Внукот на Ахмети кој премина кај Касами: Мицкоски е идниот мандатар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian