ФОТО | Проговори актерката чии родители смрзнаа во куќата: 10 години не ме пуштаа да влезам!

3 mins read

Актерката Алиша Вит се огласи по повод шокантната смрт на нејзините родители кои, пред еден месец, беа пронајдени мртви во нивната трошна куќа во Масачусетс. Постариот брачен пар починал од хипотермија (смрзнатини), а греењето им било исклучено.

Алиша Вит објави статус на Фејсбук во кој јавно се прости од родителите и објасни како дошло до трагичната ситуација. Актерката одлучно ја отфрлила можноста дека причината е тоа што не им понудила помош, тврдејќи дека повеќе од 10 години не ја пуштале да влезе во нивната куќа и дека не знаела во каква состојба е.

„Моите родители не беа без пари. Беа многу тврдоглави, добри души, но со тоа правеа свои избори од кои не можев да ги одвратам. Им помагав, на сите начини на кои можев – на сите начини на кои ми дозволија. Немав поим дека греењето им е исклучено. Никогаш нема да разберам како и зошто одлучиле да не ми го кажат ова, да не ми дозволат да им помогнам. Срцето ми е скршено“, напишала актерката на својот профил на Фејсбук.

Алиша рекла дека се мачела и колку и да помагала, ништо повеќе не можела да направи за нив. Таа објаснила дека ги молела, плачела и се обидувала да ги вразуми, се обидувала да ги убеди да ѝ дозволат да им помогне да се преселат, но секој пат ѝ се лутеле, велејќи ѝ дека нема право да им кажува како да го живеат својот живот и дека сè држеле под контрола.
Рекла исто така и дека детективот преку телефон ѝ соопштил дека нејзините родители се пронајдени мртви, откако таа се јавила на социјална помош бидејќи била загрижена бидејќи не ѝ се јавувале.

Се сомнева дека постарата брачна двојка починала од хипотермија бидејќи едниот бил пронајден во капут. Но, нивното здравје со текот на времето се влошило бидејќи нејзиниот татко Роберт (87) се борел со рак, а нејзината мајка Дајан (75) боледувала од Паркинсонова болест.

Алиша Вит ја започна својата кариера во 1984 година на само осум години, откако Дејвид Линч ја ангажираше во филмот „Дина“. Таа, исто така, се појави во серијалот „Твин Пикс“ на истиот режисер, а глумеше и во голем број популарни серии како што се „Сопранови“, „Два и пол мажи“, „Живи мртовци“ и „Портокаловата е новата црна“.

ФОТО | Родителите на познатата актерка пронајдени мртви во куќата, позната потенцијалната причина за смртта

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓукановиќ: Извесно е дека владата на Кривокапиќ од 4 февруари ќе стане минато

Следно

Имаме многу починати од корона поради методологијата, вели министерот Сали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian