ФОТО | Петочен коктел за размрдување сетилa: Ви требаат само три состојки

1 min read

Петок е, а знаеме дека после работа човек сака да се опушти и да си дозволи мала релаксација. Ако не ви се оди по барови, коктел места или било каде, набавете три состојки и уживајте дома во овој длабок, сензуален, буден коктел кој ќе ве расположи.

Името му е Boom и е навистина експлозија од едноставни, а контрастни вкусови.

Потребно ви е:

  • 15мл вотка
  • 15 мл вино од слива
  • 15 мл американо кафе или силно еспресо

Подготовка:

Во широка чаша прво ставете ја водката, па полека сипајте го виното. Со тенка лажица потоа во тенок млаз додајте го кафето и промешајте. Украсете со две три зрнца кафе.

Течностите треба да бидат добро изладени претходно.

Уживајте и убав викенд!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради високите сметки, Австрија на сите им дава по 150 евра, а на најзагрозените 300

Следно

Македонија ги дозна можните ривали во баражите за пласман на Светското првенство 2023

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian