ФОТО: Јокиќ во првата петорка на Западот за „Ол-стар“ натпреварот

2 mins read

Српскиот кошаркар, центарот на Денвер нагетс Никола Јокиќ, ќе биде стартер во НБА „Ол-стар“ натпреварот кој ќе се одржи на 20 февруари во Кливленд.

Како што е соопштено, со гласовите на навивачите, играчите и новинарите, Јокиќ втора година по ред е избран во стартната постава на Западната конференција за претстојниот 71. „Ол-стар“ натпревар.

Покрај Јокиќ, стартери за Западот ќе бидат уште Ендрју Вигинс (Голден Стејт вориорс), Стеф Кари (Голден Стејт вориорс), Џа Морант (Мемфис гризлис) и капитенот Леброн Џејмс (Лос Анџелес лејкерс).

Во првата петорка на Истокот се капитенот Кевин Дурант (Бруклин нетс), Јанис Адетокумбо (Милбоки бакс), Џоел Ембид (Филаделфија сиксерс), Демар Дерозан (Чикаго булс) и Треј Јанг (Атланта хокс).

Да додадеме уште дека изминатата ноќ се одиграа два натпревари во НБА лигата: Филаделфија сиксерс – Лос Анџелес лејкерс 105:87 и Голден Стејт вориорс – Минесота Тимбервулвс 124:115.

За Сиксерси доминираше Ембид со 26 поени (девет скокови, седум асистенции), а кај „езерџиите“ најрасположен беше Ентони Дејвис со 31 поен и 12 скокови.

За „воините“ Кари запиша 29 поени (осум скокови, шест асистенции), а за Минесота „дабл-дабл“ учинок оствари Карл-Ентони Таунс од 31 кош и 12 скокови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Парот кој ги освои срцата во филмот „Тома“, на магично зимување од бајките

Следно

ОД ВЕЧЕРВА ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕГ – еве какво време не очекува викендов и кога се најавуваат нови врнежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian