ФОТО | Ен Хатавеј со нов имиџ: Смени боја на коса и изгледа непрепознатливо!

1 min read

Холивудската актерка Ен Хатавеј беше „уловена“ од папараците со нова боја на коса, а стана русокоса поради потребата на новата криминална драма во која глуми.

Хатавеј досега беше препознатлива по темната, густа коса, но сега направи вистинска трансформација. За потребите на филмот „Elieen“, во чија главна улога игра, актерката ја бојадиса косата во платинесто руса и изгледа целосно поинаку од онака како што сме навикнати да ја гледаме.

SplashNews.com / Splash / Profimedia
Ен Хатавеј/Профимедиа
SplashNews.com / Splash / Profimedia

Дејствието на книгата „Elieen“, која беше споредувана со „Gone Girl“, е сместенo во раните шеесетти години и го опишува животот на една жена по име Ајлин Данлоп, која работи како секретарка во затвор за момчиња.

Додека ја балансира својата исцрпувачка работа и се грижи за својот татко алкохоличар, таа „ги ублажува своите мрачни денови со морничави фантазии и соништа за бегство во голем град“.

Последната забележана улога Хатавеј ја имаше во реализацијата на „The Witches“ во 2019 година, во режија на Роберт Земекис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орбан: Унгарија ќе побара зголемување на испораките на руски гас

Следно

ВИДЕО: Надал е првиот финалист на „Австралија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian