Фејсбук ја блокира страницата на ОМО „Илинден“ додека Стојков разговараше со Пендаровски

1 min read

Фејсбук ја блокирал страницата на здружението на Македонците од Бугарија ОМО „Илинден“ речиси во исто време кога претставниците на оваа организација и на неколкуте други здруженија на Македонците од Бугарија се сретнаа со претседателот Стево Пендаровски, информира претседателот на ОМО Илинден Стојко Стојков за „Нова Македонија“.

Тој наведува дека блокадата била под чудното и лажно обвинение за „спамирање“ (испраќање речиси идентични небарани пораки до голем број корисници).

Претседателот Пендаровски денеска ги прими претставниците на неколку здруженија на Македонците од Бугарија, кои го информираа за нивната работа и активности.

Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот оценил дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Болт: Игрите во Пекинг за 30 секунди ми го променија животот

Следно

Заразени со корона, недолечени се враќаат на работа, државата вината ја префрла на матичните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian