Една скопска улица ќе го носи името на легендарниот Аки Рахимовски

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера иницираше, со одлука на Град Скопје, една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, кој порасна во Скопје. 

-Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме, вели Арсовска.

-На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, се потсети таа. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – КОВИД убива поради неспособноста на владата

Следно

Полска враќа дел од учениците на онлајн настава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian