Болт: Игрите во Пекинг за 30 секунди ми го променија животот

1 min read

Легендарниот атлетичар од Јамајка, Усеин Болт им завидува на сите спортисти кои ќе се натпреваруваат на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг (Кина), место каде што неговиот живот „се променил за 30 секунди“.

Болт го освои својот прв олимписки златен медал во 2008 година во познатото „Птичјо гнездо“. Со оглед на тоа што овој февруари на истото место ќе бидат отворени Зимските олимписки игри, најбрзиот човек на светот имаше порака до сите спортисти.

– Јас сум од Јамајка, немам искуство во зимски спортови. Не сакам студено време. Освен атлетика, единствениот спорт што го играв беше крикет, а малку и фудбал. Зимските олимписки игри не беа мој интерес. Но, сакам да видам што ќе се случи во Пекинг следниот месец – рече Болт.

Светскиот рекордер на 100 метри и 200 метри вели дека Пекинг е местото каде што сè се смени за него.

– Сè уште се сеќавам на деталите од големите трки. Секогаш ќе биде посебен спомен. Оттука почна сè. Тие Олимписки игри во Пекинг ми го променија животот за помалку од 30 секунди. Фановите и енергијата во „Птичјо гнездо“ беа одлични. Сè уште не знам колку спортисти ќе ја претставуваат Јамајка на овие Игри, но знам како ќе се чувствуваат. Нема ништо што може да се спореди со влегувањето на Олимпискиот стадион и енергијата на публиката – се зборовите на Болт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не е сé во парите: Џорџ Клуни и Бред Пит прифатиле улоги за помалку пари за новиот заеднички филм

Следно

Фејсбук ја блокира страницата на ОМО „Илинден“ додека Стојков разговараше со Пендаровски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian