Австриски медиуми: Од Балканот во земјата пристигнале илјадници случаи на корона, особено од оваа земја е донесена експлозија од вирусот

2 mins read

Австрија деновиве се соочува со рекорден број заразени со коронавирус. Бранот на омикрон варијантата, според некои австриски медиуми, е влошен поради илјадници случаи на увоз на коронавирусот од странство, главно од Балканот.

Во првата календарска недела од оваа година, по Божик и Нова Година, веќе имало експлозија на корона меѓу луѓето кои се враќале во Австрија: во споредба со претходната недела со 1.771 случај поврзани со патување, бројот се искачил на 4.917 во прата календарска недела од оваа година. Тоа е зголемување за речиси три пати.

Исто така, бројката останла висока и во втората календарска недела со 4.278 нови случаи.

Според официјалните податоци, најмногу случаи на заразени се увезени од Босна, односно 1.611 во првата недела од јануари и 822 во втората.

По неа следи Србија со 959 во првата недела и 540 во втората. На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.

Следат повратниците од Турција (147 во првата недела, 403 заразени во втората), Романија (161 и 295) и Хрватска, од кои во првата недела се регистрирани 180 нови инфекции, но во втората недела од јануари имало голем скок на 579 случаи.

Австриската влада сака да го спречи увозот на инфекцијата со нови правила за примена на ковид сертификатите. Од 1 февруари, времетраењето на важноста на сертификатите за вакцинација во Австрија ќе се промени. Потврдата за прва серија на вакцинација – која се состои од две вакцини или закрепнување плус една вакцина – ќе важи само 180 дена.

Сертификатот за дополнителна вакцинација – добиен по три примени вакцини или опоравување плус две дози ќе важи 270 дена.

Австријците веќе во понеделникот воведоа правило дека без дополнителни тестирања во земјата можат да влезат оние кои примиле трета доза од вакцината, односно опоравени од ковид со две дози од вакцината. Останатите мора да направат ПЦР тест ако не сакаат да бидат ставени во карантин.

kurir.mk

Претходно

Скопје домаќин на Регионален симпозиум за превенција и третман на цервикален канцер

Следно

ВИДЕО | „Ти си Маестро, најголемиот генијалец во семејството“: Емотивна комеморација во чест на Александар Џамбазов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian