Ја нарекуваат природен антибиотик: Што сѐ лекува жалфијата

2 mins read

Жалфијата е еден оа најдобрите природни антибиотици и антисептици, која помага против треска, воспаление на бешиката, ги јакне нервите, го олеснува варењето, го чисти црниот дроб.

Ароматична и лековита, жалфијата е една од најстарите медицински билки. Лековити својства имаат само листовите богати со јаглехидрати, целулоза, танин и белковини. Освен овие органски соединенија, таа содржи и многу железо и калциум, а богата е и со витамин А. Сепак, најважна состојка на оваа билка е нејзиното етерично масло.

Жалфијата  е неодминлива состојка на многу лекови, кои се употребуваат за плакнење на устата и грлото кога ќе настанат воспаленија, бидејќи поради дејството на танинот јакне слузокожата, додека етиричното масло дејствува антисептички. Верувале или не, до откритието на антибиотиците, жалфијата со векови се употребувала против воспаленија на грлото, ждрелото и засипнатоста, како и за приготвување на чај против потење на болните од туберкулоза, бидејќи го намалува лачењето на потните жлезди. Освен тоа, жалфијата дејствува против зголемената температура и треска, ги уништува заразните бактерии, таа е добар антиоксидант, ги спречува грчевите во органите за варење, го подобрува излачувањето на урината, благо ги прочистува цревата и дејствува на површинското собирање на ткивата.

Во народната медицина, жалфијата се користи и за јакнење на нервите, а помага и против сите видови на настинка и грип. Се употребува и за прочистување на крвта, против сите воспаленија, од внатрешните органи до бешиката и вагиналните воспаленија. Ги олеснува тегобите на ревматизмот, а претставува антибиотик со широко дејство. Билкарите тврдат дека е ефикасен лек за чистење на црниот дроб, против болести на бубрезите и ноќното потење, како и против потењето кај жените во менопауза. Нејзиното естрогенско дејство може да придонесе за регулирање на менструалниот циклус, ги ублажува болните менструации и го намалува лачењето на млеко кај доилките кои сакаат да прекинат со доењето.

Совет: Сепак, и покрај сите лековити карактеристики, жалфијата не се препорачува кај трудниците и епилептичарите, а долготрајната употреба без надзор на лекар или фармацевт, може да предизвика зголемена склоност кон конвулзии, односно ненадејни напади со силно неконтролирано грчење на мускулите, често проследени со губиток на свеста.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Високиот претставник за БиХ објави кога треба да се одржат изборите: ХДЗ се заканува со бојкот

Следно

ВИДЕО: Шпанија ќе игра за третата европска титула во низа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian