Во Србија 17.674 новозаразени, интересот за вакцинација опаѓа

1 min read

Србија во четвртокот регистрираше нови 17.674 случаи на инфекција со коронавирус, уште еден во серијата петцифрени броеви на новозаразени на дневна основа во последната недела, додека експертите предупредуваат на загрижувачки пад на интересот за вакцинација. Во последните 24 часа биле тестирани 35.974 примероци, а резултатите покажале дека секој втор е позитивен.

Во епидемиолошкиот извештај за последните 24 часа се пријавени 40 смртни случаи од ковид-19, три повеќе отколку во средата. Координаторот на најголемиот пункт за вакцинација во Србија, на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ предупреди на забавениот процес на имунизација во целата земја.

Правејќи споредба со февруари минатата година, тој за белградските медиуми изјави дека на почетокот на имунизацијата минатата година дневно се давале и до 82.000 дози, а од почетокот на 2022 година има по само околу 6.500. Бустер доза досега примиле 33 отсто од возрасните, а во групата на возраст од 12 до 17 години, во која вкупно има 414.000 жители, вакцинирани се само 3,8 отсто, ниту 15.000 млади, рече Бекиќ.

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година, во Србија се регистрирани повеќе од 1,62 милиони случаи на зараза со коронавирус, а официјално се пријавени 13.417 смртни случаи поврзани со ковид-19, со благ пад на стапката на смртност во последниот месец од 0,94 на 0,83 отсто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сиљановска Давкова: Сите паметиме дека СДСМ и Заев беа тие кои им ветија на помалите партии една изборна единица и од тоа не треба да бегаат

Следно

„Луксузниот рај всушност бил пекол“: Хју Хефнер подло ги уценувал Плејбој зајачиците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian