ВИДЕО | Сигнал за корона-профитерство: Огромни разлики меѓу приватните лаборатории за детекција на ковид

2 mins read

Истражување на БИРН беше објавено на порталот Призма, а се однесува на ковид-тестирањата за приватните лаборатории.

-По еден сигнал во статус на Фејсбук се впуштивме во истражување на бројот на позитивни случаи откриени во приватните лаборатории кои ги испратиле во Институтот за јавно здравје. Има денови, на пример, кога од 450 тестирања нема ниеден позитивен на коронавирус. Сѐ на сѐ некои приватни лаборатории прикажуваат очигледно нереални резултати, вели за Утрински брифинг, новинарот Васко Маглешов.

На прашањето како лабораториите го толкуваат ова, Маглешов вели дека никој освен една лабораторија не сакала да ги комуницира новинарите на БИРН. Од таа една лабораторија рекле дека кај нив главно доаѓаат луѓе што сакаат да патуваат и знаат дека не се позитивни на коронавирус но им треба потврда.

 -Не може да се објасни ова, ова е неверојатно. Има една лабораторија што направила 100 илјади тестови од отворање на лабораторијата а има само 3000 позитивни. Целосно точен тест не постои, мора да се појави барем некој лажено позитивен. Неверојатно е од 450 тестови сите да бидат негативни. ИЈЗ ретко кога има приватни пациенти кои бараат потврди, оти отспротива има приватна лабораторија. За онаа лабораторија во Гевгелија во казиното, на пример, дознавме од медиумите, вели д-р Никола Пановски.

Пановски вели дека ако ова е точно, тогаш станува збор за криминал. Тој додава дека има и лажно вакцинирани, а кога некој ќе почине не знаат како да го заведат.

-Како трета вакцина може да се прими Фајзер без оглед со кој тип вакцина бил вакциниран некој претходно, додава д-р Пановски.

БИРН се обратиле во Државниот санитарен и здравствен инспекторат и оттаму им кажале дека сите лаборатории во земјата се соодветно опремени, а на ниедна лабораторија не ѝ е одземена дозволата. Маглешов вели дека станува збор за огромен профит.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обрнете внимание: Пет знаци дека на вашето тело му недостасува овој неопходен минерал

Следно

Потресно сведоштво во „Јади Бурек“: Жена ми почина на Инфективна со негативен тест, и го украдоа телефонот и накитот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian