В недела мирен протест против сообраќајното насилство во кое страдаат пешаци

1 min read

Во недела на 30 ти јануари на булеварот „Партизански одреди“ ќе се одржи мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата.

Протестот следи по последната трагедија во која згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа, стои во онлајн закажаниот настан на социјалната мрежа Фејсбук.

Во поканата до граѓаните стои дека токму поради последните случувања на улиците и пешаците како жртви, со почеток од 12 до 13 часот ќе се оддржи мирен протест на раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај Сити Мол.

„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, стои во поканата на Фејсбук. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Беким Сали утре ќе се вакцинира со трета доза на вакцина против коронавирусот

Следно

Еве која билка во домот ќе ви донесе куп благодети, богатство и среќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian