СОНК бара две недели он лајн настава, додека не помине пикот

1 min read

Министерството за образование и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие за учениците, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епидемиолошката сосотојба во земјата, апелираат од СОНК.

Според претседателот Јаким Неделков, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај ковид-19, може да има и ширење на грип, настинки и друго. Предлагаат првите две недели да се одвиваат онлајн, со оглед на тоа што за неа се веќе обучени наставниците. Иако потежок, овој начин е побезбеден велат од СОНК.

Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирус. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.

kurir.mk

Претходно

Бочварски: Над 11 милиони евра инвестиции за нов навигациски систем во М-НАВ

Следно

Град Скопје иницира предлог – закон за заштита на Водно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian