Радост за децата, но и возрасните: Дали лизгавте на мраз во скопското Лизгалиште?

1 min read

Лизгалиштето А1 при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ нуди одлична зимска забава за сите генерации.

Како и претходните сезони, така и оваа, лизгалиштето е избор на голем број скопјани, но и гости од други градови, кои се рекреираат на мраз.

Се разбира, најголема радост оваа активност им носи на најмалите, децата, но и тинејџерите кои го користат зимскиот распуст за интересни активности.

Билет за рекреативно лизгање плус изнајмување на лизгалки чини 300 денари за еден час, а со сопствени лизгалки 200 денари. Доколку сте љубители на зимските авантури, или пак, досега не се се обидете да застанете со лизгалки на мраз, овој период од годината е одличен за да го сторите тоа.

Лизгалиштето работи секој ден и во деновите од викендот со следниов распоред:

Понеделник и среда 10.00-14.30 и 18.00-21.00

Вторник и четврток 10.00-14.30 и 19.00-21.00

Петок 10.00-22.00 (пауза 15.30-16.00)

Сабота 11.00-22.00 (пауза 15.30-16.00)

Недела 10.00-21.00 (пауза 15.30-16.00)

skopjeinfo.mk

Претходно

СНЕГОТ НИ ДОАЃА УТРЕ – еве каква временска прогноза најавува УХМР за овој викенд, снег ќе врне и следната недела!

Следно

Во Германија уапсен руски научник поради шпионирање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian