Путин ја прифати поканата на Ердоган да ја посети Турција

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган да ја посети Турција, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата Анадолија.

Состанокот ќе се одржи штом ситуацијата со пандемијата и распоредите на двајцата лидери ќе го дозволат тоа, појасни Песков за новинарите на дневниот брифинг во Москва.

Тој додаде дека поради пандемијата од коронавирус имало „одредена пауза” во одржувањето на состаноците на меѓувладината комисија и Советот за соработка на високо ниво, на чие чело се двајцата претседатели.

Песков соопшти дека на оваа тема се разговарало неколку пати во неодамнешните контакти на двајцата лидери. Ердоган кажал дека е подготвен да биде домаќин на сите овие настани во Турција.

kurir.mk

Претходно

Карпошани проблемите во општината може да ги пријават и преку сервисот „Е-општина“

Следно

Разговор со прим. д-р Петар Боровиќ: Силните антиоксиданси го скратуваат времетраењето на секаков вид вирусни инфекции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian