Претседателот Пендаровски го честита празникот Свети Сава

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

„Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – Свети Сава и да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравје, исполнети со радост и со среќа“ стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење, вели Пендаровски.

Посакувам мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мир, хармонија и благосостојба, додава Пендаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 27 јануари: Не ги прекршувајте утврдените правила

Следно

Најстудено во Маврови Анови и на Попова Шапка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian