Претседателката на Република Српска во посета на Куманово, остварена средба со Димитриевски

3 mins read

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари средба со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.

На средбата присуствуваат и амбасадорот на БиХ во земјава Драган Јаќимовиќ, како и пратеници во Собранието и претставници на Советот на Општина Куманово.

Димитревски и Цвијановиќ по средбата оценија дека ова е одлична можност да се разгледаа досегашната и идната соработка на Куманово со други градови.

– Ја користам оваа можност да се заблагодарам за посетата на оваа висока делегација на Република Српска претставувана од г-ѓа Цвијановиќ и нејзиниот тим. За нас како Општина е голема чест на овој голем ден за српската заедница во нашиот град и во државата да имаме една ваква делегација. Разговараме на повеќе теми, Општина Куманово има одлична соработка со голем број општини од Република Српска и во БиХ. Ние, таа соработка ќе продолжиме да ја негуваме и унапредуваме, изјави Димитриевски.

Тој нагласи дека соработка има во поле на културата, а целта е да се унапреди соработката и на економско ниво. Максимовски воедно им го честиташе празникот Свети Сава на припадниците на српската заедница во државата.

Претседателката на Република Српска, Цвијановиќ истакна дека и е драго што официјалната посета на државата ја почнува во оваа локална заедница и додаде дека Куманово со повеќе општини има одлична и пријателска соработка која се одвива во областа на културата. Таа нагласи дека е важно овие врски да се продлабочат, прошират и да се одвиваат на економски план, посочувајќи дека на денешната средба разговарале во таа насока.

Цвијановиќ изрази задоволство од меѓуетничкиот соживот во Куманово, особено од фактот што сите заедници успешно, во договор и сложно живеат во локалната заедница, меѓу кои и српската заедница во соработка и заемна почит со сите етнички заедници заедно придонесуваат во изградбата на Општината и локалната заедница.

– Мислам дека генерално односите помеѓу Северна Македонија и Република Српска, односно Босна и Херцеговина, но и други земји во нашиот регион треба да се прошират. Сметам дека имаме огромен економски потенцијал и исто така нешто што може да стане силен политички капитал, унапредување на нашето меѓусебно разбирање и градење на подобри односи, подобра инфраструктура, поврзување на нашите граѓани на различни начини, изјави Цвијановиќ.

Таа најави дека ќе оствари средба со високи претставници од државава, што, според неа, ќе придонесе за продлабочување на врските. Цвијановиќ воедно се заблагодари на гостопримството „на народот во државата, за уважувањето на Свети Сава, како датум значаен за српската заедница”, што го оцени како „знак на добра соработка и разбирање”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јакимовски игра во одлична форма, му донесе нова победа на Вашингтон

Следно

Еден починат пациент во ковид – центарот во Тетово, седум на кислородна поддршка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian