Подигнат споменик на Коби и Џиана на местото на несреќата

1 min read

На местото на падот на хеликоптерот во кој на 26 јануари 2020 година загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица, е поставен споменик на легендарниот НБА кошаркар и ќерка му.

Креатор на скулптурата висока 122 сантиметри и тешка 73 килограми е Дан Медина, а на неа се испишани и имињата на сите жртви и има порака „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“.

Креаторот скуптурата изјави дека ова е привремен споменик и ќе го тргне утре, но се надева дека градот Лос Анџелес ќе му дозволи да постави нов и поголем.

Засега не е познато дали креаторот се консултирал со сопругата на Коби, Ванеса Брајант и семејствата на останатите жртви бидејќи за поставување на траен споменик ќе биде потребна и нивна согласност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Роденденски „жежок“ бакнеж за честитање: Џенифер Анистон знае како да ја изненади Елен Деџенерис

Следно

Бочварски: Над 11 милиони евра инвестиции за нов навигациски систем во М-НАВ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian