По три години натегање, отворена е депонијата „Русино“ кај Гостивар – ќе опслужува девет општини

1 min read

По три години договарање, неуспеси, подеми и падови, од денеска јавното претпријатие „Русино Полог“, кое ќе раководи со депонијата „Русино“ кај Гостивар, официјално е во функција, објави Алсат. Министерството за животна средина вчера издаде дозвола за работа на депонијата, односно на претпријатието, оценувајќи дека ги исполнило условите и може да се отвори за деветте општини од Полог за депонирање на отпадот.

„Со ова и официјално сме управители на депонијата Русино и тоа значи дека денеска договорите со секое комунално претпријатие и концесионерите од деветте општини од полошко, ќе ги потпишеме и на тој начин ќе ја официјализираме нашата соработка со комуналните претпријатија,“ вели Бесим Догани, директорот на претпријатието.

Иако договорите се готови, сепак дел од деветте општини од Полошко сè уште го немаат подмирено долгот кон заедничкото претпријатие.

„Не е направено, не е направено, на последната средба што ја имавме на 18 јануари каде што имаше претставници од општините и претпријатијата, им дадовме рок да ја исполнат оваа обврска, две недели од денот на потпишувањето на договорот да ја подмират оваа обврска, но пет општини не го исполнија тоа, а четири да,“ додава Догани.

Јавните претпријатија од деветте општини ќе можат да го депонираат отпадот во Русино за сума од 2,5 евра за тон отпад.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Соња Димитровска: Жена од акција и креативка што прави ЕКО восочни обвивки

Следно

Денес е регистриран 1.861 нов лабораториски позитивeн случај на коронавирус во земјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian