Петков: Влезот во Шенген останува стратегиска цел за Бугарија

1 min read

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска во Брисел оствари серија работни средби, меѓу кои и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти прес центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков присуствувал и на свеченоста по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот во Европскиот парламент.

Петков ѝ честиташе на Роберта Мецола за нејзиниот избор за претседател на ЕП и ја повтори својата желба за блиска и плодна соработка. Двајцата разговараа за приоритетите на бугарската Влада и предизвиците пред кои таа е исправена во нивната реализација.

Бугарскиот премиер изјави дека пристапувањето на Бугарија во Шенген останува стратешка цел на Софија и дека смета дека ЕП ќе продолжи да ја поддржува.

Претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел, му честиташе на бугарскиот премиер за успешните средби со Владата на Република Северна Македонија, како и за мерките за зајакнување на капацитетите на Бугарија со оглед на тензиите меѓу НАТО и Русија. Мишел го увери премиерот дека институциите на ЕУ работат на елиминирање на енергетските ризици за земјите-членки, вклучително и Бугарија.

Премиерот Петков беше примен и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговараа за Националниот план за закрепнување и одржливост, како и за ситуацијата на границата со Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Позициите со Бугарија сега се појасни, се надевам дека ќе постигнеме одредено решение

Следно

Пред 50 години стјуардесата Весна Вуловиќ преживеа пад од 10.000 метри: Најголемата авио мистерија во Југославија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian