Направете пилешко на турски начин: Лесен ручек кој не се заборава!

2 mins read

Черкеското пилешко е класичен рецепт, кој го смислиле Черкезите, народ од кавкаските планини, а усвоен е од царската отоманска кујна.

Ова „кралско јадење“ обично се подготвува како главно јадење, но многу е погодно да се служи и како предјадење или како мезе.

Черкеското пилешко е одлично јадење од парчиња пилешко во кремаст сос од ореви и леб, а како здраво јадење без мрсни додатоци е одличен предлог за лесен ручек со зелена салата, варен зеленчук и тост леб. Можете да го искористите и како фил за сендвичи.

Состојки:

– 1 цело пиле или две поголеми пилешки гради

– 1 главица среден кромид

– 1/2 лажичка бибер во зрна

– 5 чаши вода

– моркови, целер, пашканат по желба

За основата:

– 300 гр крупно мелени ореви

– 2 чешниња лук

– 4 парчиња бајат леб (средината без кора)

– 1,5 чаша пилешка супа

– 1 лажичка сол

– половина лажичка коријандер во прав

За посипување (по желба):

– 2 лажици маслиново масло

– 1 лажичка мелена црвена пиперка

Подготовка:

Во тенџере ставете ги градите или пилешкото исечено на парчиња, прелијте со вода, додадете ги кромидот, целерот и зрната бибер. Гответе на средна топлина додека месото не омекне.

Вареното месо процедете го и оставете го да се излади. Потоа, месото одвојте го од коските и со рака исечете го на ленти.

Во подлабок сад ставете ги коцките бајат леб па прелијте ги со водата во која е варено пилешкото, додадете ги изгмечениот лук, оревите, зачините и сечканото месо, па убаво соединете.

Пилешкото префрлете го во сад за сервирање. Посебно загрејте го маслиновото масло и во него додадете ја црвената пиперка, па со тоа прелијте го пилешкото. Украсете со магдонос. Може да се сервира и топло и ладно, како предјадење или главно јадење.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

Следно

Барти експрес, за 62 минути ја победи Киз и обезбеди полуфинале на Австралија Опен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian