Најдобрата македонска ракометна двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на едно од двете полуфиналиња на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка.
Начевски и Николов ја добија честа да го судат натпреварот помеѓу актуелниот светски и актуелниот европски шампион, Данска и Шпанија.
Натпреварот треба да се игра утре во Будимпешта со почеток во 18 часот.
Второто полуфинале помеѓу Франција и Шведска ќе го судат Лах и Кох од Словенија.
ЕХФ ги одреди и судиите за финалето, тоа ќе бидат Германците Тобијас Тонис и Роберт Шулц, додека натпреварот за бронзениот медал ќе го судат Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.