Лос Анџелес ги затвора изворите за нафта во градот

1 min read

Лос Анџелес ќе го забрани дупчењето за нафта во градот, т.е. во населените места. Советниците на Градот вчера ја изгласаа забраната на изградба на нови бунари и престанок на работа за постоечките.

Според западните медиуми, илјадници активни извори се наоѓаат во густо населени населби (најчесто, каде што луѓето се со ниски приходи), веднаш до училиштата, домовите, паркови, трговски центри или гробишта. Жителите и еколошките активисти долго време водат кампања за нивно отстранување, велејќи дека тие претставуваат опасност по здравјето.

-Копањето нафта во Лос Анџелес можеби имаше смисла на почетокот на 20 век, но сигурно нема многу смисла сега кога станавме мегалополис, во 21 век, рече Пол Крекоријан, претседател на Градскиот буџетски комитет.

Според Одделот за урбанизам, во Лос Анџелес има 26 полиња за нафта и гас и над 5.000 бунари.

Ешли Хернандез, која се залагала за затворање на бунарите, вели дека како дете се разболела, имала крвавење од носот и инфекција на очите. – Цел живот живеам во наајизложените делови на населбите кај нафтените извори и не можам да почнам да изразувам како се чувствувам додека сум овде во мигов!, рече таа по гласањето.

kurir.mk

Претходно

За еден месец шест казни за диви превозници во Скопје

Следно

Принцот Ендру е сигурен во својата невиност: Бара судење пред порота

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian