Колинс ќе биде противничка на Барти во финалето на Австралија Опен

1 min read

Американката Даниел Колинс е втората финалистка на женскиот турнир на Австралија Опен откако за 80 минути игра ја победи Ига Швојнтек.

Колинс која е 27 носител на Австралија Опен славеше со 6:4,6:1 и за прв пат ќе игра во едно гран слем финале и в сабота ќе игра против првата носителка Ешли Барти.
Во првиот сет беа направени дури пет брејка, три за Колинс и два за Швојнтек.

Американската почна фуриозно и ги одзете првите два сервиси на полската тенисерка за водство од 4:0. Швојнтек врати еден брејк, но Колинс веднаш направи ри-брејк и поведе со 5:2. Првиот сервис за сет, Колинс не го искористи, но беше сигурна на вториот за триумф од 6:4 .

Во вториот сет, Колинс повторно ги одзеде првите два сервиси на противничката и поведе со 4:0: Но, овој пат не ја повтори грешката од првиот сет, беше сигурна на свој сервис и со убедливи 6:1 го визира пласманот во финалето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со прим. д-р Петар Боровиќ: Силните антиоксиданси го скратуваат времетраењето на секаков вид вирусни инфекции

Следно

Нуредини: Откако ја воведовме забрана за користење на пластични кеси, нивната потрошувачката е намалена до 10 пати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian