Иран обезбеди пласман на Мундијалот во Катар

1 min read

Фудбалската репрезентација на Иран обезбеди пласман на Светското првенство во Катар откако на домашен терен со 1:0 го победија Ирак во седмото коло од групата А во азиските квалификации.

Со победата, Иран и теоретски го обезбеди учеството на Мундијалот во Катар и тоа три кола пред крајот на квалификациите.

Стрелец на единствениот гол беше фудбалерот на Порто, Мехди Тареми во 48 минута.
Иран е лидер во групата А со 19 бода, десет повеќе од Обединетите Арапски Емирати кои се трети на табелата, а блиску до пласман на СП е и Јужна Кореја која е втора со само два бода помалку од Иран.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Која е вистината за нејзиното тајно бебе? Џенет Џексон ги расчисти гласините во новиот документарец

Следно

Фатмир Лимани, поранешен заменик-директор во ЕСМ и внук на Али Ахмети, преминува во Беса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian