Инфантино се правда: Говорот за мигрантите и СП на две години е погрешно протолкуван

2 mins read

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино денеска изјави дека неговиот говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа кој предизвика големи реакции е погрешно протолкуван.

Инфантино во говорот зборуваше за плановите СП да се игра на две наместо на четири години, но и за трагедиите на мигрантите во Средоземното море и на кои им е потребна надеж.

– Мораме да најдене начини да го вклучиме целиот свет, да им дадеме надеж на Африканците за да не мораат да го поминуваат Средоземното море во потрага по подобар живот и кој најчесто завршува со смрт. Мора на сите да им дадеме шанса, но тоа да го направиме достоинствено.  Не со давање милост, туку со тоа што ќе му овозможиме на остатокот од светот да учествува – рече Инфантино во својот говор кој предизвика големи реакции во јавноста.

– Моите колеги од Хјуман рајтс воч секојдневно ги интервјуираат мигрантите од целиот свет. Пишуваме извештаи за причините поради кои ги напуштаат своите домови и никогаш не го споменале календарот на Светското првенство – му одговори на Инфантино, Ендрју Стролајн од прес- службата на Хјуман рајтс воч.

Првиот човек на ФИФА се најде на удар и на генералниот директор на европските фудбалски навивачи Ронан Евен кој оцени дека Инфантино ја користи смртта на мигрантите во Средоземното море за даго продаде својот мегаломански проект.
– Останав без зборови по тоа што го кажа Инфантино – рече Евен.

Свесен дека неговиот говор предизвика бурни реакции во фудбалска Европа, Инфантино повторно се огласи и наведе дека неговите зборови биле погрешно протолкувани.
– Бидејќи некои делови од мојот говор се погрешно протолкувани и извлечени од контекст, би сакал да разјаснам дека пораката од говорот беше дека секој што е во позиција да носи одлуки има одговорност да ја подобри положбата на луѓето во светот. Мојот коментар за мигрантите не беше директно поврзан со можноста Светското првенство да се игра на секои две години – се правда Инфантино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали ќе има реприза на шокантниот бакнеж? Мадона наговестува турнеја со Бритни Спирс

Следно

Османи: Позициите со Бугарија сега се појасни, се надевам дека ќе постигнеме одредено решение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian