ФОТО+ВИДЕО | Роденденски „жежок“ бакнеж за честитање: Џенифер Анистон знае како да ја изненади Елен Деџенерис

1 min read

Кога Мадона и Бритни се бакнаа пред целата јавност, тој бакнеж остана запаметен во историјата на поп сцената. Но, и Џенифер Анистон изгледа не останува покуса.

Славната актерка на својот инстаграм-профил сподели „стори“ на кое таа и водителката Елен Деџенерис се во заносен бакнеж. Се разбира, ова беше оригинална честитка за 64тиот роденден на водителката, која во 2019 ја интервјуираше Џенифер и си доби француски бакнеж за време на емисијата.

Џенифер и Елен се пријателки одамна, а малку е познато дека на Елен и беше понудена и улога во серијата „Пријатели“ во која се прослави Џенифер во улогата на Рејчел. На гостувањето во ток-шоуто најголемо изненадување беше токму тој филмски бакнеж. На сторито кое го сподели Џенифер, напиша:

„Голем бакнеж за роденденската девојка“

Џенифер Анистон/Елен Деџенерис/Instagram
Џенифер Анистон/Елен Деџенерис/Instagram

Елен Деџенерис е водителка и комичарка на шоуто „Елен“ и иако речиси секогаш освојува со својот циничен хумор и блескави гости, беше обвинета за непрофесионален однос со своите вработени. Таа веќе неколку години е во брак со својата партнерка Порша де Роси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Германија уапсен руски научник поради шпионирање

Следно

Подигнат споменик на Коби и Џиана на местото на несреќата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian