Февруари носи 4 опасни датуми: Еве што велат астролозите

2 mins read

Астролозите предвидуваат дека во февруари ќе има четири „опасни“ денови кои на многумина можат да им донесат проблеми.

Сепак, важно е да се знае дека многу работи на крајот од денот зависат од самите нас и како се чувствуваме во врска со она што се случува, пишува „Sensa“.

На четири знаци им пристигнуваат пари до 31 јануари! Еве на кого ќе му „тропаат“ пари во паричникот

11 февруари – Меркур во конјукција со Плутон

Конјукцијата е најнехармоничен и најагресивен аспект на планетите. Во таа позиција, т.е. на 11 февруари на истата страна на Земјата ќе бидат Меркур и Плутон и ќе бидат многу блиску еден до друг. Како резултат на тоа, за повеќето хороскопски знаци следи многу стресен и динамичен ден во кој сè може да тргне наопаку. Тој ден не се потпирајте на среќата. Ова е денот кога само чистата логика и разум треба да ги водат вашите постапки, ништо друго.

16 февруари – Венера во конјукција со Марс и полна месечина

На 16 февруари пристигнува уште една конјукција, помеѓу Марс и Венера. Според некои астролози, ова може да биде уште поопасен ден од 11 февруари, бидејќи полната месечина во Лав ќе донесе многу проблеми. Енергетскиот конфликт меѓу Венера и Марс сугерира дека ни претсто и остар пад на продуктивноста на работа и во љубовта, како и брзо исчезнување на енергијата. Оваа среда астролозите ве советуваат да правите само едноставни работи и да не започнувате нови проекти.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

24 и 25 февруари – опаѓачка месечина во Стрелец

Астролозите ја анализирале положбата на планетите и дошле до заклучок дека оваа позиција ќе ни донесе многу проблеми. Потрудете се да не купувате скапи работи, бидејќи Месечината може да ве наведе да трошите непотребно, за што подоцна можете да зажалите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе има уште еден пад на Bitcoin пред да видиме значителни добивки, вели аналитичар

Следно

Начевски и Николов ќе судат полуфинале на ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian