Ќе ги затвориме РЕК Битола и РЕК Осломеј најдоцна до 2030 година за да го намалиме загадувањето, вели Нуредини

1 min read

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини вели дека Владата планира да се затворат термоелектраните на јаглен во земајва најдоцна до 2030 година, како и поголеми вложувања во обновливите извори на енергија со цел да се подобри квалитетот на воздухот.

Тоа, заедно со промената на начинот на греење во домовите, според него ќе придонесе за намалување на загадувањето и подобрување на здравјето на граѓаните.

-Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најдоцна до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.

Според министерот, идејата е да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен, за да имаме стабилна мрежа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еве која билка во домот ќе ви донесе куп благодети, богатство и среќа

Следно

Мета тврди дека демонстрантите на протестот пред 11 години „биле убиени” од Рама и Баша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian