Бериша бара истрага против Рама и Баша за перење пари

1 min read

По неколкумесечно отсуство од собраниската сала, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, денеска од собраниското столче упати тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Тој побара парламентот да расправа за отворање истрага против ” двете глави на медузата”, според него, Рама и Баша.

Против двајцата политичари, смета тој, треба да се почне истрага за перење пари, преку криминални дејствија.

-Доколку сакаме да бидеме сериозни во борбата на овој грозен криминал кој ги храни сите други видови криминали, вклучително и тероризмот, треба да спроведеме темелна истрага, како за главата на медузата (Рама),која испра над 200 милиони евра, така и за неговиот заложник (Баша), чие прашање го затвори во Апелацискиот суд и не го испрати до Врховен со посебна наредба, обвини Бериша.

Додека продолжи да зборува со остар и навредлив тон претседателката на законодавниот дом, Линдита Никола му го исклучи микрофонот, но тоа не го спречи да продолжи со обвинувањата и без микрофон.

Откако во септември Баша го исклучи Бериша од пратеничката група на демократите, тој со уште шест пратеници, негови подржувачи седат оддвоено од останатите нивни сопартијци

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје иницира предлог – закон за заштита на Водно

Следно

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Опаѓање на косата како последица на прележан ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian