Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ од утре продолжува со работа

1 min read

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ информира базенот од утре почнува повторно со работа.

-Во изминатите денови наш приоритет беше надминување на проблемот со дефектот. Благодарение на сите чинители кои придонесоа во решавањето на проблемот, истиот е брзо отклонет со што репрезентативците ќе може непречено да ги одржуваат своите тренинзи преку програмите пропишани од нивните тренери кои макотрпно работеа изминатите години со своите пливачи. Спортскиот Центар Борис Трајковски уште еднаш покажа и докажа дека е единствен спортски храм кој работи за доброто на спортот и спортските работници, велат од СЦ „Борис Трајковски“.

Температура на водата во базенот ќе почне од 25.5 степени, која се очекува дека ќе биде во пораст во наредните денови .

Од Центарот препорачуваат за клубовите кои работат пливачка школа да почнат со тренинзи од 31.01.2022 година (понеделник) кога се очекува температурата на водата да биде повисока.

Тотален хаос во македонското пливање: Нарушено работењето на базените во земјава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Опаѓање на косата како последица на прележан ковид-19

Следно

Муслиу: Не ни требаат боксери во владите во Скопје и Софија, да ја цениме позитивната енергија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian