Барти експрес, за 62 минути ја победи Киз и обезбеди полуфинале на Австралија Опен

1 min read

Австралиската тенисерка Ешли Барти е првата финалистка на Австралија Опен откако во полуфиналето ја декласира Медисон Киз од САД.
Барти ја оправда улогата на фаворит против Американката која ја победи со 6:1,6:3 за само 62 минути игра.

Двојната гран слем шампионка од Ролан Гарос (2019) и од Вимблдон (2021) во финалето ќе игра со подобрата од дуелот помеѓу Ига Швјонтек и Даниел Колинс.

Барти мечот го започна со брејк и потоа направи уште два брејка за убедлив триумф од 6:1.
Во вториот сет, Киз пружи поголем отпор, освои три гема, но не можеше да и се спротивстави на расположената Барти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Направете пилешко на турски начин: Лесен ручек кој не се заборава!

Следно

Милошоски: За утре закажавме седница на Комисијата за надворешна политика, очекуваме присуство на Османи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian