ВИДЕО: Тага и болка – две години без Коби Брајант

1 min read

Поминаа две години од смртта на Коби Брајант, легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА лигата.

На кобниот 26 јануари 2020 година, Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиана и уште седум лица.

Истрагата покажала дека пилотот на хеликоптерот полетал, иако тоа не било безбедно поради густата магла, па многу брзо по полетувањето удрил во рид во близина на Лос Анџелес поради слаба видливост.

Смртта на Брајант го потресе целиот спортски свет кој загуби икона и еден од најголемите кошаркари воопшто.

Петпати ја освои НБА со Лејкерси, двапати беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалните мечеви и еднаш МВП во регуларниот дел од сезоната. Вкупно 18 пати беше избран во Ол-стар селекцијата, а двапати беше најдобар стрелец во НБА лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторно неуспешен фотошоп: Ким Кардашијан отстрани фотографија од Инстаграм, фановите се прашуваат што се случи

Следно

Каевски: Во следните шест месеци ќе ги решиме сите отворени прашања со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian