ВИДЕО | Ова е песната поради која наводно се скаралe Балашевиќ и Бреговиќ пред 40 години!

1 min read

Песната „Madjarica“ е еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ, но наводно истата била причина и за кавгата меѓу Ѓорѓе Балашевиќ и Горан Бреговиќ.

Песната беше дел од албумот „Malo pojacaj radio“, кој го сними Здравко Чолиќ во 1981 година во Лондон. Автори на песните на албумот се потпишуваат Душко Трифуновиќ, Ѓорѓе Новковиќ и Марина Туцаковиќ, додека „Madjarica“ ја напишал Балашевиќ. А, Бреговиќ требало да ја напише музиката за таа песна.

Песната прво се викала „Opatica, но Бреговиќ бил убеден дека би било подобро да се вика „Madjarica“. Балашевиќ не се согласил со предлогот на Бреговиќ, но Чолиќ се одлучил за името што го предложил Бреговиќ.

Тоа наводно резултирало Бреговиќ и Балашевиќ никогаш повеќе да не соработуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седница на ЦО на СДСМ: Државата навреме презема мерки за одговор на пандемијата и енергетската криза

Следно

Франција се радува, Исланд тагува: Познати полуфиналните двојки на ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian