Тенисерот Новак Ѓоковиќ бил со семејството во ресторанот „Новак“ и ѝ приредил голема прослава на својата мајка Дијана по повод нејзиниот 58-ми роденден.
Ѝ пееле роденденска песна, а потоа пристигнала тортата со прскалки на неа.
Дијана била видно возбудена и среќна, особено затоа што покрај неа бил нејзиниот син Новак и заедно го прославиле овој важен ден.
За потсетување, Новак беше депортиран од Австралија кон средината на јануари годинава, а драмата ја следеше цел свет. Советот од тројца судии на Федералниот суд во Мелбурн, со кој претседава судијата Џејмс Алсоп, едногласно ја поддржа одлуката на министерот Алекс Хок, кој одби да му даде виза на Ѓоковиќ, користејќи ги неговите овластувања според член од Законот за миграција.
Откако пристигна во Мелбурн на 5 јануари, српскиот тенисер беше сместен во хотел за мигранти, а неговата мајка, татко и брат како и секогаш и овојпат му беа безрезервна поддршка.