ВИДЕО: Медведев со спектакуларен пресврт до полуфинале на „Австралија опен“

1 min read

Русинот Данил Медведев (втор носител) се пласираше во полуфиналето на „Австралија опен“ по голема борба и голем пресврт над Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим од Канада со резултат 3:2 во сетови 6:7 (4), 3:6, 7:6 (2), 7:5 и 6:4.

Мечот во „Род Лејвер Арената“ во Мелбурн траеше нешто повеќе од четири и пол часа, Русинот за пласман во големото финале ќе игра против Стефанос Циципас кој претходно го елиминираше Јаник Синер.

Првиот сет беше решен во „тај брејк“ кој му припадна на Канаѓанецот со 7:4. Оже-Алијасим продолжи да игра одлично и во вториот сет, кој го доби со 6:3, со еден реализиран „брејк“.

Потоа, следуваше победничкиот пресврт на Медведев, третиот сет донесе нова голема драма, а рускиот тенисер го доби во „тај брејк“ со 7:2.

Во четвртиот сет при резултат 5:5, Оже-Алијасим имаше меч топка на сервис на Медведев, но Русинот ја одбрани, а потоа во следниот гем направи „брејк“ и го доби сетот со 7:5.

Медведев направи „брејк“ во третиот гем од петтиот сет, што му беше доволно да го добие сетот со 6:4 и да продолжи во следната фаза од натпреварувањето.

Полуфинале, Австралија опен 2022
(Мажи), двојки –

Надал – Беретини
Медведев – Циципас

Полуфинале, Австралија опен 2022
(Жени), двојки –

Барти – Кијз
Швјонтек – Колинс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Питер Робинс, актерот кој го позајми својот глас за Чарли Браун

Следно

Нова трагедија во семејството Филиповиќ: Мајката на Јелена била зад воланот во сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian