Уапсени четворица скопјани за шверц на стока и царинска измама

1 min read

На 25.01.2022 во 15.00 часот на ул.„69“, во близина на Железничката станица Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Џ.А.(43), А.Б.(32), Р.Р.(55) и Г.Б.(44), сите од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина разновидни производи без соодветна документација.

Тие биле приведени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.278-б од Кривичниот законик за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски – Лудва: Чешка била, е и секогаш ќе биде силен поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ

Следно

Интервју со педијатар Елена Манолева Николовска: Зошто ковид-19 кај децата е полесен и од грип и од други респираторни болести?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian