Повторно неуспешен фотошоп: Ким Кардашијан отстрани фотографија од Инстаграм, фановите се прашуваат што се случи

1 min read

Ким Кардашијан повторно беше немарна со своите фотошопирани фотографии и мораше набрзина да избрише слика во бикини од серијата фотографии од нејзината последна објава на нејзиниот инстаграм-профил откако обожавателите ја забележаа очигледната нелогична корекција.

На фотографијата, основачката на брендот „Skims“ позира во костим за капење од нејзината нова колекција, но наместо да се фокусираат на модата, следбениците бурно изреагираа забележувајќи ја нејзината лошо корегирана нога која изгледаше искривена и имаше вдлабнатина зад нејзиното колено која значително се разликуваше од нејзината друга нога.

Иако Кардашијан брзо ја избриша фотографијата и повторно ја прикачи серијата без погрешната слика, профилот на обожавателите сепак успеа да направи скриншот и повторно да ја објави.

ким кардашијан плажа
Фото: Принтскрин / Instagram

„Ким, што се случи со твојата нога? прашал еден обожавател, додека друг навестил: „Ким, Ким, Ким… Десната нога ти е, а…“

Други обожаватели беа воодушевени од нејзината семоќ во рамките на дигиталниот свет, посочувајќи го фактот дека фотографијата е инстантно целосно елимирина од светот на социјалните мрежи.

„Не можам да верувам дека #KimK има моќ да избрише една од нејзините слики од многумина на објава. Затоа што погрешно е фотошопирано!!! Таа слика повеќе ја нема! Ја сакам таа моќ“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска купува борбени возила од САД за речиси 200 милиони долари

Следно

ВИДЕО: Тага и болка – две години без Коби Брајант

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian