Почина Питер Робинс, актерот кој го позајми својот глас за Чарли Браун

1 min read

Актерот Питер Робинс, кој го позајми својот глас за ликот на Чарли Браун, почина на 65-годишна возраст.

Роднини на актерот за „Fox 5 San Diego“ потврдиле дека Робинс извршил самоубиство.

Робинс, чие вистинско име е Луис Г. Нанаси, е роден во 1956 година во Лос Анџелес. Почнал да се занимава со глума во 1963 година и беше првиот што го позајми својот глас за ликот на Чарли Браун, создаден од Чарлс М. Шулц.

Робинс престана да глуми во 1972 година, а некое време работел како диџеј во Палм Спрингс.

Имено, тој боледуваше од биполарно растројство, а во 2015 година се најде на насловните страници кога беше осуден на пет години затвор поради закани на неколку луѓе, вклучително и јавни личности. Тој беше ослободен во 2019 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клиниките за кожни болести и за неврологија ковид-центри, ковид оддел во ГОБ „8 Септември”, наставата со физичко присуство

Следно

ВИДЕО: Медведев со спектакуларен пресврт до полуфинале на „Австралија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian