Јошко Миленкоски е нов селектор на црногорската одбојкарска репрезентација

1 min read

Денеска црногорската одбојкарска федерација објави дека македонскиот стручњак Јошко Миленкоски едногласно е избран на седницата на Управниот одбор на федерацијата.

Миленкоски е новиот селектор на машката сениорска одбојкарска репрезентација на Црна Гора, поранешниот тренер на Будванска ривиера.

Сега нашиот стратег е на клупата на грчката екипа Фоникас Сирос (со која во декември 2021 го освои националниот Суперкуп). Претходно во кариерата беше и селектор на Македонија (1997 – 2008 год.) и Турција (2017).

Тренираше повеќе екипи во Македонија и Турција, работеше во Тунис, како и во Црна Гора, во Будванска ривиера (2007 – 2008) со чиј клуб го освои второто место во тамошното првенство и Купот на таа земја, а беше и третопласиран на Фајнл-фор ЦЕВ купот во Рим во 2008 година, што му е еден од најзначајните резултати во кариерата.

Осум пати е прогласуван за најдобар тренер во Македонија. Миленкоски докторираше во 1999 година на Факултетот за физичко образование и спорт на Универзитетот во Скопје, каде што сега е професор по одбојка. Има објавено пет книги за одбојка и зборува повеќе странски јазици.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Спектакл на коњ: Внуката на Грејс Кели ја отвори модната ревија на „Шанел“

Следно

Почина партизанката од Битола Ратка Бакалиноска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian