„Облечени“ палмите на кејот на Вардар

1 min read

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве превентивно ги заштитија крошните напалмите на кејот на Вардар поради најавата на пониски температури.

За ова, од јавното претпријатие, известија преку својот Фејсбук профил.

Инаку палмите, од кои дел се исушија, а дел беа уништени, се спорни поради купувањето со злоупотребени пари на државата.

Токму овие дрвја многупати беа контроверзна тема во јавноста, пред се поради несоодветните климатски услови во ова поднебје. Но и покрај тоа, беа набавени и засадени.

Цената одредена од компанијата која ги продала палмите е многу повисока од вистинската, односно пазарната цена. Екс директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски, е осомничен дека заедно со 20 бизнисмени од Тетово и Гостивар злоупотребил државни пари во вредност од 1 милион евра.

Истражувањето на ТВ21 покажа дека компанијата Росен Центер ги продала палмите со неколкукратно повисока цена.

Палма од 5 метри, цена од фактура 4 233, а на Македонски шуми и се продадени се за 28 438 денари.

Палма од 6 метри, цена од фактура 5 751, а на Македонски шуми и се продадени се за 39 814 денари.

Палма од 8 метри, цена од фактура 13 687, а на Македонски шуми и се продадени се за 45 502 денари.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Филков: Кога корупцијата ќе се перципира како проблем, полесно се искоренува

Следно

ВИДЕО | Андоновиќ: Тензиите меѓу САД и НАТО влијаат на Балканот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian