Ни Џордан, ни Леброн: Никој во НБА историјата како Никола Јокиќ

1 min read

Изминатата ноќ во најсилната лига на светот Денвер овојпат како гостин беше подобар од Детроит со 105:110. Овие две екипи се сретнаа и пред два дена кога Нагетси исто така славеа, но на домашен терен.

Прв стрелец во победничките редови беше Кејд Канингем со 34 поени (по осум скокови и асистенции), го следеше Никола Јокиќ со 28 поени, 21 скок и девет асистенции. Кај Пистонси најдобри се истакна Садик Беј со 21 поен, додека 16 запиша Арон Гордон.

Јокиќ, најкорисниот играч од минатата година, редовно поставува рекорди во НБА лигата. Српскиот центар е единствениот играч во НБА историјата кој за 500 натпревари стигнал до учинок од 5.000 скокови и 3.000 асистенции.

Поточно, сега има 5.008 скокови 3.008 асистенции, а сè уште не ни стигнал до 500. натпревари во НБА, односно досега има 494 одиграни мечеви.

НБА лига, резултати –

Детроит – Денвер 105:110

Филаделфија – Њу Орлеанс 117:107

Торонто – Шарлот 125:113

Вашингтон – ЛА Клиперс 115:116

Бостон – Сакраменто 128:75

Бруклин – ЛА Лејкерс 96:106

Хјустон – Сан Антонио 104:134

Голден Стејт – Далас 130:92

Портланд – Минесота 107:109

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Новак приреди голема забава за својата мајка: По драмата во Австралија семејството Ѓоковиќ повторно заедно

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Пендаровски – Лудва: Чешка била, е и секогаш ќе биде силен поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian