Ковачевски-Гир: За поздравување е новата енергија за соработка со Бугарија

1 min read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во својот кабинет го прими Шефот на Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, кому му изрази благодарност за поддршката и можноста да ги запознае претставниците на институциите на ЕУ со реформскиот процес во нашата земја, особено потенцирајќи го обновувањето на дијалогот со соседот Бугарија.

Премиерот Ковачевски акцентираше дека приоритети на новата Влада остануваат евроинтеграциите, како и преземање соодветни мерки за совладување на здравствената и енергетската криза, кои се глобален проблем.

Евроамбасадорот Гир му упати честитки на премиерот Ковачевски по повод новата функција, изразувајќи позитивни оценки за актуелните чекори преземени од Северна Македонија и Бугарија.

На средбата беше речено дека продолжуваат реформите и нивното динамизирање особено во областа на правосудството, борбата против корупцијата и криминалот и создавањето модерна и ефикасна администрација, како и политиките од Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЗОИ Пекинг 2022: Организаторот ќе дели кондоми, но не препорачува прегратки

Следно

Хрватска купува борбени возила од САД за речиси 200 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian