Каевски: Во следните шест месеци ќе ги решиме сите отворени прашања со Бугарија

1 min read

Во наредните 6 месеци ќе ги надминеме сите овие отворени прашања со Бугарија, при што ќе се зачувуваат црвените линии и достоинството, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“.

Ова што се случуваше изминатата недела во Скопје и Софија е чекор кон деблокада и верувам дека со ваков искрен чесен, отворен и јавен пристап кон решавањето на сите отворени прашања во делот на спорот со Бугарија, можеме да дојдеме до решение, кое ќе го деблокира процесот на преговори на Македонија со ЕУ, додаде тој.

-Тоа се главните принципи и идеал за кој се залага оваа влада. Реално сум оптимист затоа што она што се случуваше изминатата недела и целиот последен период донесе позитивни сигнали и покажа дека Македонија е на вистинскиот пат и час поскоро ќе биде членка на ЕУ, оценува Каевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Тага и болка – две години без Коби Брајант

Следно

ИНТЕРВЈУ | Бојан Ковски, бодипејнтер: Фасцинацијата со човековото тело секогаш била најголем дел во моето творештво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian